Падна одлука: Консеисао ги одбројува последните денови во Милан

Само кратко ќе трае епизодата на Серхио Консеисао во Милан. Португалскиот тренер ќе го напушти „Сан Сиро“ по завршување на сезоната, објави фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо.

Португалецот во декември минатата година го презеде клубот, и го освои Супер-купот на Италија, а клубот и натаму е во игра за место кое носи во Лигата на шампионите.

Вчера тимот загуби во финалето на Купот од Болоња со 1-0. Консеисао дојде на местото на Пауло Фонсека кој доби отказ. Како најсериозни кандидати за клупата на Милан се споменуваат Масимилијано Алегри како и Де Зерби, актуелниот тренер на Олимпик Марсеј.

Покрај Консеисао, од тимот заминува и Жоао Феликс, кој ќе се врати во Челси.

Се вчитува...