Неколку имиња беа поврзувани со клупата на Манчестер Јунајтед во последните неколку денови, како замена за Рубен Аморим кој доби отказ од клупата. Едно од нив беше Симоне Инзаги, кој беше најсериозен кандидат за клупата на тимот од „Олд Трафорд“, но според италијанските медиуми, Италијанецот останува во Саудиска Арабија.
Според информациите од Англија, Манчестер Јунајтед се одлучи што ќе прави за тренерската позиција. Ќе го врати Оле Гунар Солскјер на клупата во петок, и тој ќе потпише до крајот на сезоната, а потоа дали ќе му се даде нова шанса, или ќе се бара друго решение, ќе покажат резултатите.
Во комбинација беа и Мајкл Карик и Дарен Флечер, меѓутоа раководството веќе донело одлука. Норвежанецот утре ќе се врати во својата татковина и ќе присуствува на погребот на легендарниот Аге Хареиде, а потоа ќе замине во Манчестер каде ќе биде промоцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

