Падна потпис на „Сан Сиро“: Алегри се врати во Милан!

Масимилијано Алегри ќе биде новиот тренер на Милан. Ова стана јасно откако искусниот тренер денеска го комплетираше својот „кам-бек“ на „Сан Сиро“. Сега се чека само официјална потврда од таборот на „росонерите“.

Алегри е без работа веќе една година, откако го напушти кормилото на Јувентус, кого го водеше од 2014 до 2019 и од 2021 до 2024 година. Тој беше во Милан од 2010 до 2014 година.

Со Милан освои едно Скудето и еден Супер-Куп. Потоа со Јувентус освои пет последователни шампионски титули, два пати играше и во финалето во Лигата на шампионите, а освои исто толку Куп трофеи.

Во минатото беше поврзуван и со клупата на Манчестер Јунајтед, но никогаш не успеа да направи трансфер во Премиер-лигата.

Се вчитува...