„Падна“ потпис во Барселона, откупна клаузула 500 милиони евра

Барселона го продолжи договорот со својот играч Марк Бернал до 2029 година, со отктупна клаузула од 500 милиони евра.

Бернал беше една година надвор од терените поради операција на лигаментите, а сега е дел од долгорочен проект на еден од најдобрите тимови во Светот.

„Ова е најдобриот ден во мојот живот“, коментираше Бернал по потписот на договорот.

Тој е еден од многуте извори од прочуената школа на Барселона, „Ла Масија“, и еден од оние кои ќе треба да во иднина да ја носат играта на гигантот од Каталонија и кон титули во Шпанија и во Лигата на шампионите.

Се вчитува...