Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, ја продолжи верноста со клубот од „Олд Трафорд“ на уште четири години, односно до јуни 2027 година, соопшти клубот.
27-годишниот Шо стигна во Јунајтед од Саутемптон во 2014 година, а досега за „црвените ѓаволи“ има одиграно 249 натпревари во сите натпреварувања.
„Пред девет години го потпишав мојот прв договор со овој неверојатен клуб. Воодушевен сум што ќе го продолжам престојот во Манчестер Јунајтед. Неизмерно напредував со доаѓањето тука и знам што е потребно за успех“, рече Шо.
🔴 @LukeShaw23 is here to stay! ✍️#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) April 4, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

