Падна и првиот гол во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Тиквеш сосема очекувано брзо поведе против Шкупи, на дуелот на кој „лозарите“ се гости но го играат во Кавадарци.
Уште во 9. минута од средбата, кавадарчани ја потврдија големата фаворитска улога против отпишаниот Шкупи. Даниел Мојсов испрати одлична топка во длабочина, а Садик откако изби сам пред противничкиот голман лесно реализираше за 1-0…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

