Падна првиот отказ во Премиерлигата

По само седум одиграни кола падна првиот отказ во Премиерлигата, а настрада тренерот на Вотфорд Ксиско Муњоз. „Стршлените“ ја започнаа новата сезона со победа над Астон Вила, меѓутоа во следните шест натпревари претрпеа пет порази со едно реми и една победа.

Отказот на шпанскиот стратег доаѓа по помалку од десет месеци поминати во клубот период во кој го предводеше тимот до Премиерлигата. Засега неговиот наследник останува непознат, но гласините се дека неговото место може да го наследи Клаудио Раниери.

 

Се вчитува...