Тренерот на Фиорентина Стефано Пиоли можеби ќе остане на својата функција и покрај катастрофалниот старт на сезоната, но клубот потврди дека се разделува со спортскиот директор Даниеле Праде.
Тој е првата „жртва“ за кошмарниот старт на „виолетовите“ во Серија „А“, откако тимот е без победа во првите девет кола.
„Фиорентина објавува дека договорот на спортскиот директор Даниеле Праде е раскинат со заедничка согласност. Клубот, предводен од Роко Комисо, неговата сопруга Катерина и генералниот менаџер Алесандро Ферари, сака да му се заблагодари на Даниеле Праде за годините поминати заедно, кои беа обележани со страст и професионализам. Му посакуваме на Даниеле се најдобро во иднина, изразувајќи го нашето искрено почитување“, стои во соопштението на клубот од Фиренца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

