Падна целосен договор: Зидан е нов селектор на Франција по СП 2026

Зинедин Зидан веќе подолго време е без тренерски ангажман откако си замина од Реал Мадрид во 2021 година, а француската легенда во ниту еден момент не криеше дека голем сон му останува да застане на кормилото на францускиот национален тим.

Чекањето се оддолжи поради добрите резултати што ги имаше Дидие Дешамп, но желбата на Зидан конечно ќе се исполни откако легендарниот Зизу конечно се договори за да стане селектор на „триколорите“. Од претходно беше објавено дека Дешамп ќе се повлече од функцијата по СП 2026, а во меѓувреме беше постигнат целосен договор – Зидан да биде неговиот наследник на чело на француската репрезентација.

Зизу ја одведе Франција на врвот на светскиот фудбал како играч, а сега ќе се обиде да го стори истото и како тренер… со генерацијата предводена од фантастичниот Килијан Мбапе.

Се вчитува...