Падна уште еден рекорд на ЕП 2024: Повеќе од 1 милион фанови на 65 меча

Покрај тоа што ова Европско првенство го одбележа рекорд со присуство на публика на еден меч (55.000 имаше на првите два натпревари Франција – Македонија и Германија – Швајцарија), денеска беше срушен уште еден рекорд.

Ова Европско првенство ќе се памети како најгледано низ салите/стадионот во Германија. До сега натпреварите во живо на трибините ги следеле 1.008.660 навивачи, што е рекорд. И тоа овој рекорд е без мечот од третото место и финалето кои се играат утре, и на кои сигурно оваа бројка ќе се зголеми за околу 20.000.

Во финалето утре ќе играат Франција против Данска, додека за третото место ќе се борат Германија и Шведска. Финалниот меч и за третото место ќе се играат во Ланксес Арената во Келн.

Се вчитува...