Барселона успеа да го продолжи договорот со својот стопер Ерик Гарсија на уште пет години, што значи дека шпанскиот дефанзивец останува на „Ноу Камп“ најмалку до 2031 година.
Според клубот, играчот ќе го потпише договорот следниот четврток, кога ќе има и официјална прес конференција.
Гарсија потекнува од фудбалската школа „Ла Месија“, но подоцна заминува во Манчестер Сити, и повторно се врати во Барселона.
„Гарсија ќе продолжи да нуди квалитет, лидерство и стабилност, а денешниот ден е за славење за нас и за нашите навивачи“, напишаа од Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

