Паднал договор: Антоан Гризман доаѓа во Барселона за 115 милиони евра

Францускиот интернационалец Антоан Гризман ќе направи мега-трансфер од Атлетико Мадрид во Барселона ова лето, а клубот од „Камп Ноу“ за тоа ќе плати 115 милиони евра. Како што информира каталонскиот весник „Спорт“, двата клуба се договориле за отштета од 115 милиони евра, која може да порасне за дополнителни 5 милиони евра, доколку бидат испочитувани сите бонуси и клаузули.

Барселона веќе подолг период е заинтересирана за Гризман, а неговата отштетна клаузула во моментот изнесува 200 милиони евра. Но, по 1 јули таа ќе падне на 100 милиони евра, што секако е многу поповолна опција за каталонскиот гигант. Сепак, и Гризман, а и Барселона, сакаат трансферот да биде завршен пред почетокот на Светското првенство во Русија, па оттаму и паднал договор меѓу двата клуба за сума од 115 милиони евра.

Доаѓањето на Антоан Гризман на „Камп Ноу“ значи и најверојатно заминување за Осман Дембеле, а можеби дури и за Луис Суарез.

Се вчитува...