Паднал договор, Лампард го добива кормилото на Челси до 2022 година

Најдобриот стрелец во историјата на Челси, Франк Лампард, се враќа во клубот како менаџер и ќе потпише договор до 2022 година. Сопственикот Роман Абрамович ги договорил сите детали со Лампард, а останува уште двата клуба да ја договорат отштетата по што ќе биде официјализирано враќањето на еден од милениците на „синиот“ дел од Лондон.

Челси има забрана за трансфери од ФИФА, а Лампард веќе му ја претставил на Абрамович визијата на тимот за следната сезона. Ќе треба да се „преживее“ без Еден Азар и ќе треба да се издржи без нови засилувања.

Се вчитува...