Паѓа рекорд на „Енфилд“: Ливерпул пред 57.000 гледачи на дербито со Јунајтед!

Ливерпул доби зелено светло за отворање на реновираната горна трибини за дербито против Манчестер јунајтед во недела од 17:30 часот. Па, тоа треба да биде најголемата посета на „Енфилд“ во последните 50 години.

После тестовите на трибината оваа недела има позитивни вести за Ливерпул кој во недела се очекува да го собори рекордот на број на гледачи на „Енфилд“ во историјата. Во април 1973 година, Ливерпул дома ремизираше без голови со Лестер на мечот кој го следеа 56.202 навивачи.

Сега во недела стадионот ќе може да прими 57.000 навивачи, а од клубот порачуваат дека остануваат  уште активности околу реновирање на трибините, па се очекува кога се ќе биде завршено капацитетот на „Енфилд“ да биде 61.000 гледачи.

Се вчитува...