Бразилецот Нејмар е повторно во фокусот на вниманието на светската фудбалска јавност, не само поради игрите на Мундијалот, туку и поради најголената понуда во историјата, вредна 310 милиони евра што Реал Мадрид ја упати до ПСЖ за спектакуларен трансфер ова лето. Според националната телевизија на Шпанија (ТВЕ), „кралскиот клуб“ денеска испратил фантастична понуда за да го купи Нејмар, кој минатото лето од Барселона се пресели во ПСЖ, за рекордна сума од 222 милиони евра.
Нејмар ќе стане и најплатениот фудбалер во светот, доколку овој трансфер се оствари. Реал Мадрид подготвува седумгодишен договор за Бразилецот, кој ќе заработува 45 милиони евра по сезона на „Сантијаго Бернабеу“.
Нејмар со репрезентацијата на Бразил настапува на Светското првенство во Русија и обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе се сретне со селекцијата на Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА