Паѓаа рекорди во првото коло во ЛШ, легендарните Раул и Дел Пјеро симнати од тронот

Младиот Бразилец Ендрик го собори рекордот на Реал Мадрид како најмлад стрелец за кралскиот клуб во Лигата на шампионите.

Со 18 години и 58 дена, Ендрик постигна гол против Штутгарт за да го подобри рекордот на Раул Гонзалес Бланко, легендата на Реал и човекот кој постигна гол против Ференцварош на 18 години и 113 дена. Тоа се случи во 1995 година.

Ендрик дојде од Палмеирас летото и веќе стана најмладиот стрелец во Ла Лига за Реал во 21 век со голот против Ваљадолид.

Неколку часа претходно уште една легенда беше симната од тронот од екипата на Јувентус. Алесандро Дел Пјеро до вчера го држеше рекордот како најмлад играч на тимот од Торино кој постигнал гол во ЛШ, но и неговиот рекорд беше урнат.

Го урна турската ѕвезда Кенан Јилдиз кој постигна гол против ПСВ, и така стана најмладиот стрелец на Јувентус во Лигата на шампионита.

Се вчитува...