Пајович: Боли кога ќе примите ваков гол од 13 метри…

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Селекторот на Австрија, Алеш Пајович, не го криеше разочарувањето што неговите избраници не успеаја да стигнат до цел плен на дуелот со Македонија.

Австријците беа многу блиску до остварување на целта, но Кузмановски со гол од речиси половина терен ги скрши нивните срце, предизвикувајќи еуфорија меѓу македонските навивачи во Вараждин.

„Очекувавме проблеми на овој дуел бидејќи ја гледавме Македонија во првата фаза, знаевме дека ќе се борат и дека нема да ни биде нималку лесно. Имавме проблеми во одбраната, да го запреме нивниот пикер кој ни создаде многу проблеми. Во нападот се мачевме со „шест на шест“, беше многу подобро со седум на шест, успеавме да реализираме, го дадовме и тој гол на четири секунди на гол. И тогаш се случи она што се случи, секако дека боли кога ќе примите ваков гол од 13 метри. Имаме проблеми со составот, но тоа нема да не спречи да продолжиме да напредуваме и да се подготвуваме за следните натпревари“, изјави Пајович на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...