Милан е многу блиску до шампионската титула откако „росонерите“ поведоа со 1-0 на дербито со Аталанта во претпоследното коло од Калчо-лигата.
Рафаел Леао повторно е херој на овој тим, Португалецот што го постигна победничкиот гол против Фиорентина и имаше две асистенции во Верона, денеска блесна во вистински момент, максимално ја искористи својата брзина во однос на дефанзивците на Аталанта и го матираше голманот на гостите.
Мајсторијата на Леао можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Доколку Милан ја задржи победата на денешниот натпревар, на „росонерите“ ќе им биде доволно и реми во последното коло, на гостински терен против Сасуоло, за да стигне до титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА