Пакета го одведе Бразил на мундијалот во Катар (ВИДЕО)

Бразил е четвртата репрезентација која обезбеди пласман на Светското првенство во Катар, откако синоќа славеше над Колумбија со минимални 1-0.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 72. минута, кога Лукас Пакета на асистенција на Нејмар донесе победа за „кариоките“.

За потсетување досега покрај Бразил и домаќинот Катар учество на СП обезбедија и Германија и Данска.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда во јужноамериканските мундијалски квалификации Еквадор – Венецуела 1-0, Парагвај – Чиле 0-1 и Перу – Боливија 3-0.

 

 

 

 

Се вчитува...