Фудбалската федерација на Англија отвори истрага против играчот на Вест Хем, Лукас Пакета, поради кршење на правилата за обложување.
Како што објави Би-Би-Си, Пакета, кој се поврзуваше со трансфер во Манчестер сити, беше изоставен од составот на Бразил за квалификациските натпревари во септември со цел да ги „реши проблемите од лична природа“.
Скај Спорт објави дека Пакета изјавил дека не се обложувал на себе и дека е шокиран од обвинувањата против него. Истрагата, во која беше вклучена и ФИФА, се фокусира на голем број уплати за тоа дека Пакета ќе добие жолт картон во бразилскиот тим.
Вршителот на должноста селектор на Бразил, Фернандо Диниз изјави дека Пакета е изоставен од квалификациските мечеви против Боливија и Перу следниот месец.
„Пакета беше на списокот, тој е играч кој многу ми се допаѓа. Време е тој да ги реши тие проблеми. На луѓето треба да им се даде време. Ми се допаѓа како играч, имам најдобро мислење за него”, изјави Диниз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

