Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета се соочува со доживотна забрана за обложување, а има милион причини зошто ваквиот пресврт на настаните би бил целосна катастрофа за „чеканите“.
Пред речиси три години Вест Хем го собори клупскиот рекорд и потроши 50 милиони евра за да го донесе креативниот Бразилец од Лион во Лондон. Оттогаш тој е незаменлива поддршка на секој тренер и миленик на навивачите на тимот англиската метропола.
Пакета во мај минатата година беше обвинет дека на три натпревари намерно добил жолт картон за да влијае на обложувачкиот пазар и да оствари профит.
Федерацијата не го повлече обвинението поради немање докази за неговата невиност, а поранешниот играч на Милан го чека тринеделно сослушување до крајот на март, кога се шпекулира дека може да добие и доживотна забрана за играње фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА