Лукас Пакета по седум и пол години натпреварување во Европа е подготвен за враќање во Бразил и во дресот на Фламенго.
Пакета и актулениот шампион на Бразил ги договорија условите за трансфер и останува уште неговиот клуб Вест Хем Јунајтед и Фламенго да ги договорат условите за реализација на трансферот кој се очекува да биде 40 милиони евра со што истиот би претставувал и рекорд во Бразил.
За поранешниот фудбалер на Милан заинтересирани беа и Тотенхем и Астон Вила, но Пакета сака да се врати назад во татковината и да биде поблиску до фамилијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

