Пакета со еден потег ги смири навивачите на Вест Хем (ФОТО)

Лукас Пакета се поврзуваше со трансфер од редовите на Вест Хем Јунајтед на големо незадоволство на навивачите на „чекичарите“ кои не сакаат да го видат својот најдобар фудбалер во друг клуб.

За Бразилецот постоеше понуда од Астон Вила, а и покрај тоа што англиските медиуми пишуваа за негово незадоволство во Лондон, со еден потег на денешниот натпревар против Нотинхем Форест ги израдува верните навивачи.

Пакета ја затресе мрежата во 88. минута мирно изведувајќи пенал по што го бакна грбот на клубот докажувајќи верност кон клубот за кој настапува од 2022 година.

Се вчитува...