Пакета во скандал со обложување, му пропаѓа трансферот од соништата во Манчестер Сити

Манчестер Сити изминатата седмица преговараше со Вест Хем за трансферот на Лукас Пакета како наследник на Ријад Марез. Сепак, овој трансфер дефинитивно нема да биде реализиран откако Фудбалската Асоцијација на Англија денеска објави дека Пакета е под истрага поради прекршување на строгите правила за обложување кои владеат во Англија.

Бразилскиот репрезентативец не се обложувал на „островот“, туку во својата татковина, но тоа не го менува фактот дека ги има прекршено правилата. Фудбалерот на Вест Хем ги отфрла ваквите обвинувања, но во ситуација кога лесно може да добие ригорозна казна јасно е зошто Сити нема намера да ги продолжи преговорите и да инвестира над 70 милиони евра во играч што ризикува суспензија.

Само за потсетување, англискиот репрезентативец од Брентфорд, Ајван Тони доби суспензија од осум мееци откако беше прогласен за виновен за обложување на фудбалски натпревари.

Се вчитува...