Шпанскиот интернационалец Пако Алкасер го извести раководството на Борусија Дортмунд дека сака да ја промени средината. Ова доаѓа откако „милионерите“ го комплетираа трансферот на Норвежанецот Ерлинг Халанд од Салцбург.
Алкасер не сака да седи на клупата за резерви и сака да се наметне за настап во репрезентацијата на Шпанија на претстојното Европско првенство.
„Не сакам да седам на клупата затоа што сум амбициозна личност. Кога седам на клупата се мразам сам себе“, изјави Пако Алкасер.
За него постои одреден интерес од Атлетико Мадрид и од Бетис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА