Шпанскиот прволигаш Леванте го именува Пако Лопез за нов тренер, по разделбата со Хуан Лопез Муњиз. Тој денеска треба да го има својот прв тренинг со екипата, во која се наоѓа и македонскиот репрезентативец Енис Барди.
„Ќе се обидам да го кренам духот во тимот. Леванте поседува квалитет во своите редови и се надевам дека во наредниот период тоа и ќе го покажеме. Нашата мисија е да обезбедиме опстанок во елитата и на секој натпревар до крајот на првенството во Ла Лига ќе играме со огромна желба тоа да го оствариме“, изјави Пако Лопез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА