Мени Паквајо уште еднаш потврди за каква боксерска величина станува збор откако реши да се врати на овој спорт и на 40-годишна возраст повторно да стигне до шампионски појас. Тој синоќа се сретна со првакот на ВБА-верзијата, Кит Турман, кој немаше ниту еден пораз во кариерата. Борбата не заврши со нокаут, но Паквајо целосно доминираше и на крајот сосема заслужено со судиска одлука стигна до титулата.
„Беше забавно. Веќе не е така лесно да се турнат противниците на земја, Турман е одличен боксер. И јас и тој го дадовме најдоброто од себе, публиката уживаше. Голема благодарност до моите фанови, кои ми даваат поддршка да продолжам и во овој дел од кариерата“ – изјави Мени Паквајо по големата победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА