Палас го урна клупскиот рекорд и го доведе Џонсон во своите редови

Бренан Џонсон и официјално е нов играч на Кристал Палас. Велшанецот со тоа го напушта Тотенхем, на кого му ја донесе титулата во Лигата на Европа. Кристал Палас плати 35 милиони фунти за овој трансфер, што е клупски рекорд.

Рекордниот трансфер на Палас досега беше потпишувањето на Кристијан Бентеке за 27 милиони фунти во 2016 година.

Велшанецот ја започна својата кариера во Нотингем Форест, каде што беше од 2019 до 2023 година, со една сезона на позајмица во Линколн Сити. Тој пристигна во Тотенхем во 2023 година, одигра 107 натпревари и постигна 27 голови.

Во историјата на Тотенхем ќе остане запишано дека голот на Џонсон во финалето на Лигата на Европа против Манчестер Јунајтед во Билбао му ја донесе на клубот титулата по 17 сушни години, но што е поважно, место во Лигата на шампионите.

Се вчитува...