Фудбалерите на Манчестер сити стигнаа до нов триумф во Премиерлигата откако во премиерниот меч од денешната програма од 32. коло по пресврт славеа на гостувањето кај Кристал Палас со 2-4.
Домаќините стигнаа до изненадувачко водство од 1-0 со погодокот на Матета уште во 3. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку Кевин де Брујне во 13. минута кој постигна прекрасен погодок. Во 47. минута „граѓаните“ првпат стигнаа до водство 1-2 со погодокот на Рико Луис. На 1-3 зголеми Ерлинг Халанд во 66. минута, додека Кевин де Брујне во 70. минута со својот втор гол на мечот зголеми на 1-4. Конечните 2-4 беа дело на Едуард во 86. минута.
Crystal Palace 1 – [4] Manchester City – Kevin De Bruyne 70’
byu/ganiganiu insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА