Организаторите на свеченоста на палењето на олимпискиот оган во Олимпија која треба да се одржи во четврток ќе биде без публика како би се спречило понатамошно ширење на коронавирусот. Пристап до легендарниот стадион ќе имаат само 150 лица, од кои само десет претставници од градот домаќин на игрите, Токио.
Кога ќе заврши церемонијата веднаш ќе биде затворен и прес-центарот, како би се спречило собирање на поголем број на луѓе во еден простор. На генералната проба која ќе се одржи во среда ќе биде без новинари.
Во неделата грчкото министерство за здравје објави како следните две недели забранува одржување на спортски настани со публика, а ги забрани и школските екскурзии. Олимпискиот пламен во Грција ќе остане до 19. март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА