Тимот на Палермо призна дека преговара за враќање на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски. Несторовски кој е слободен играч откако му истекува договорот со Удинезе, би можел да се врати во клубот во кој настапуваше од 2016 до 2019 година.
„Преговараме со Несторовски“, ова е насловот на „Џиорнале ди Сицилија“.
Несторовски исто така е „мета“ и на Венеција и на АПОЕЛ, а сигурно е дека летово ќе има нов клуб, после четири години минати во Удине.
Како што истакнуваат локалните медиуми, проблемот меѓу Палермо и Несторовски е тоа што клубот сака едногодишен договор, додека самиот играч инсистира на договор на две години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА