Претседателот на фудбалската федерација на Палестина, Џибрил Јаруб побара од страна на УЕФА и ФИФА да биде суспендиран Израел од понатамошно натпреварување во интернационалните првенства се додека не заврши геноцидната војна која веќе трае две години.
Според првиот човек на палестинскиот фудбал во војната се убиени повеќе од 400 фудбалери и спортски работници од кои една четвртина се малолетни лица.
„Фудбалот не може да остане неутрален на геноцид, етничко чистење, дискриминација и окупација“, стои во дел од соопштението испратено до европската и светската фудбалска федерација.
„Доколку сега не делувате, историјата ќе ве осуди, а следните генерации ќе се прашуваат зошто управното тело мочеше и ги игнорираше јасните докази“.
За суспензија на Израел од натпреварувањата на УЕФА се потребни 11 од 20-те гласови на членовите на Извршнииот одбор.
Во текот 48 спортисти потпишаа писмо до УЕФА во кое се бара „итна суспензија“ на Израел. Меѓу потпишувачите е и фудбалерот Пол Погба, долгогодишниот репрезентативец на Франција кој во текот на кариерата настапуваше за Манчестер Јунајтед и Јувентус.
По ова барање од страна на УЕФА и ФИФА нема одговор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

