Давор Палевски одигра извонреден натпревар за Работнички против Металург 2, но ниту 17-те погодоци на крилниот ракометар не беа доволни за неговиот тим да избегне пораз во салата „Автокоманда“, изразен со конечни 36-34.
Во таборот на Работнички имаат за што да жалат ако се знае дека на самиот почеток поведоа со 1-6, но младите „металурзи“ експресно одговорија и до крајот на полувремето го израмнија резултатот на 16-16. Домашните ракометари потоа презедоа контрола над резултатот, се одлепија и лесно го контролираа водството, за Работнички пред самиот крај да намали на конечни два гола разлика на овој ефикасен натпревар.
Палевски со 17 гола беше најдобар поединец на овој натпревар, додека најефикасен во победничкиот тим беше Лука Стојановиќ со десет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА