Деветтото коло од Супер-лигата ќе се заокружи со скопската пресметка меѓу Пролет и Алкалоид, дуел што ќе биде одигран во салата „Македонско Сонце“ со почеток во 18 часот.
Јасно е дека Алкалоид, тимот со перфектен скор во досегашниот дел од Супер-лигата, ќе ја има фаворитската улога, но ракометарите на Пролет се мотивирани токму против лидерот на табелата да го покажат своето вистинско лице и дококлу им се укаже шанса да приредат изненадување.
„Пред нас е уште еден тежок натпревар по оној против екипата на Охрид. Алкалоид е екипа која атакува на шампионската титула, на хартија е фаворит против на, но ние нема да се предадеме така лесно. Секогаш играме поквалитетно на домашен терен, тоа ќе биде случај и денеска, ќе се обидеме да приредиме изненадување“, вели Давор Палевски, кој и сезонава е еден од најдобрите ракометари на Тинекс Пролет.
За левото крило нема сомнеж дека Тинекс Пролет поседува квалитет да се најде во плејофот, но Палевски е свесен и дека тимот веќе нема право на грешка.
„По овој дуел со Алкалоид ќе ни следи мечот со Радовиш на кој мораме да славиме, тоа е апсолутен приоритет. Јас сум сигурен дека ќе влеземе во Топ 6, знам дека имаме квалитет за такво нешто, но веќе немаме право на „кикс“, мораме да ги добиваме натпреварите со тимовите што реално се со послаб квалитет од нас. По тој дуел во Радовиш следи репрезентативната пауза, што ќе биде добредојдена за нас за максимално да се подготвиме за дербито со Бутел на домашен терен“, истакнува Палевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА