Исланд настапува на турнирот во Данска без помошта на својот најдобар ракометар, Арон Палмарсон, но бекот на Веспрем работи напорно во татковината за да ги надмине проблемите со повредата и да му се стави на располагање на стручниот штаб за претстојниот мундијал. На четири дена пред стартот на Светското Првенство во Франција, Палмарсон е полн со оптимизам дека ќе биде во можност да го предводи Исланд од првиот натпревар на овој мундијал.
„Добив инјекција пред три дена и ситуацијата се одвива во позитивен правец. Телото ми ги издржува напорите, тренирам без проблеми и доколку нема компликации в понеделник ќе летам за Данска, таму ќе се сретнам со остатокот од репрезентацијата и заедно ќе отпатуваме за СП во Франција. Како што стојат работите во моментов, би требало да сум „фит“ за стартот на Светското Првенство“ – изјави Палмарсон за исландските медиуми.
Добра вест за Исланд е што Атласон и Халгримсон, кои исто така се мачеа со повреди, целосно ги надминаа проблемите и се подготвени за настап на мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА