Поранешната ракометна суперѕвезда Арон Палмарсон ќе настапи на претстојниот клупски Мундијал што ќе се одржи во Египет, откако потпиша краткотраен договор со екипата на Ал Ахли.
Палмарсон, кој до пред неколку години беше клучен играч во гиганти како Барселона и Веспрем, последните две сезони ги мина во татковината како член на Хафнарфјордур. Сепак, кога Ал Ахли испрати понуда за Исланѓанецот да настапува за египетскиот тим на претстојниот клупски мундијал, тој без многу размислување прифати краткорочна преселба во „земјата на фараоните“.
Тренер на Ал Ахли е данскиот стратег Стефан Мадсен, кој од 2018 до 2024 година седеше на клупата на Алборг.
Правилата на ИХФ велат дека сите учесници на клупскиот мундијал можат да потпишат две „надворешни засилувања“, играчи кои ќе можат да настапат само на ова натпреварување, по што би се вратиле во старите клубови. Покрај Палмарсон, Ал Ахли го доведе и Данецот Себастијан Хененберг, поранешниот бек на Е. Пелистер кој сега натапува во татковината за тимот на Фредериција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА