Палмарсон: Посакував победа од шест гола, но и ова е добро…

Исланѓаните како големи фаворити влегоа во домашниот натпревар против Македонија, но на крајот едвај стигнаа до минимален триумф од еден гол. Нашите репрезентативци одиграа уште еден квалитетен меч под водство на Раул Гонзалес, па неслучајно исландскиот состав толку многу се израдува и на минималната победа над „црвено-жолтите“.

Најважно беше да дојдеме до двата бода и да останеме господари на сопствената судбина, го остваривме тоа. Посакував победа од повеќе од пет гола, за целосен реванш за поразот во Скопје, но и ова е добро. Го контролиравме темпото, но не успевавме да создадеме посериозна предност, па затоа не можевме да се опуштиме. При последниот напад воопшто не бев исплашен, верував во нашата дисциплина и искуството што го поседуваме. Не сум видел вакво нешто досега, сите четири селекции по четири кола да имаат ист број на бодови, но верувам дека ако играме како на овој меч со Македонија ќе се пласираме на следното Европско Првенство“ – изјави Арон Палмарсон.

Се вчитува...