Палмеирас прв финалист на Светското клупско првенство

Екипата на Палмеирас се пласираше во финалето на Светското клупско првенство, и за големиот трофеј ќе се бори против подобриот од дуелот Челси – Ал Хилал, кој се игра утре.

Бразилскиот тим и победник во Копа Либертадорес, денеска во полуфиналето го совлада составот на Ал Ахли со 2-0. Стрелци на  головите беа Веига и Дуду во 39. и 49. минута.

Челси е фаворит за титулата во ова натпреварување, но треба најпрво да избори финале и да го совлада Ал Хилал.

Утре се игра и натпреварот Монтереј – Ал Џазира за петтото место. Сите натпревари се играат во Абу Даби.

Се вчитува...