Фудбалерите на Челси стигнаа до третата победа во низа, а вкупно четвртта во последните пет натпревари во Премиер-лигата откако денеска на домашен терен во 21. коло славеа над Фулам со минимални 1-0.
Клучниот момент во натпреварот се случи во судиското продолжение во првото полувреме кога Кол Палмер од пенал донесе победа за „сините“ од „Стемфорд бриџ“. Интересен момент се случи во 39. минута во првото полувреме кога Мало Густо со отворен ѓон стартуваше врз Вилијан, но и покрај ВАР главниот судија на мечот не му даде црвен картон.
Malo Gusto challenge on Willian 38′ (yellow card)
byu/Imbasauce insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА