Англискиот премиерлигаш Челси објави дека во следната сезона, Кол Палмер, а не Михајло Мудрик, ќе го носи дресот со број десет.
Палмер досега го носеше бројот дваесет. Во меѓувреме, тој заслужи да го облече дресот што е резервиран за најдобрите играчи во фудбалот.
Палмер беше исклучителен во претходниот период, за разлика од Украинецот кој, покрај тоа што не ги исполни очекувањата, беше суспендиран и поради допинг на кога во средината на декември, му беше изречена суспензија на неопределено.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

