Директорот на „Штарк арена“ во Белград, Горан Грбовиќ предупреди дека во третиот натпревар на Партизан од Топ 8 фазата против Реал Мадрид во Евролигата не смее да има ниту еден најмал инцидент.
Партизан ќе го пречека Реал во „Штарк арената“ каде се очекуваат повеќе од 20.000 навивачи, а по немилите случувања во Мадрид во четвртокот, сега претпазливоста е на највисоко ниво.
„Слушајте вака, знам една работа дека ако има и најмал инцидент, влета на терен некој предмет или не дај боже некој се повреди поради тоа, комплетните трибини во арената ќе се празнат за 45 минути, а четвртиот меч ќе се игра без публика. Затоа, памет во глава. Поддржете го Партизан, својот клуб и овој историски момент. Реал е на колена, а тимот на Жељко покажа што се може да направи“ – истакна некогашната легенда на Партизан, Грбовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА