Првата ѕвезда на Панатинаикос, Кендрик Нан и дефинитивно нема да биде во тимот за дуелот против Партизан во Евролигата.
Иако медиумите пишуваа дека Кендрик Нан би можел да биде подготвен за Партизан од тоа нема ништо.
Најдобриот играч на Панатинаикос поради повреда ќе го прескокне гостувањето во Белград и ќе продолжи со опоравувањето.
Црно-белите ќе се обидат да го одбранат домашниот терен против еден од најдобрите тимови во Европа, за кој се уште не може да игра Матијас Лесор, поради проблеми со повреди.
Натпреварот е закажан за четврток од 20.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

