Панатинаикос до победа над Фенер во последната секунда

Панатинаикос и Фенербахче го одиграа еден од најспектакуларните натпревари сезонава во групната фаза во Евролигата, кој на крајот му припадна на Панатинаикос со 91-90.

Мечот беше своевидна „вртелешка“, а највисоката предност ја имаше Панатинаикос од +8 уште во првата четвртина (24-16), а потоа предноста се менуваше и на двете страни.

Така беше се до последните мигови од мечот, кога исто така неколку пати се менуваше водството, неколку пати беше мечот во „егал“, за пред последните секунди биде 90-90, и Фенер да го има последниот напад за победа. Го промаши, а потоа турскиот тим направи „глупав“ прекршок на средината на теренот, и Нан застана на линијата за слободни фрлања.

Нан го искористи првото, а второто го промаши намерно, па Фенер немаше никакви шанси да дојде до чудо.

Слукас со 23 поени беше најефикасен на мечот. Хејс кај Фенербахче постигна 21 поен.

Се вчитува...