Американскиот кошаркар Ришон Холмс е нов член на Панатинаикос, објави денес грчкиот клуб.
Холмс (31) потпиша едногодишен договор со Панатинаикос, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Тој играше за Вашингтон минатата сезона и имаше просек од 7,4 поени и 5,7 скока во НБА. Беше избран за 37-ми пик на драфтот во 2015 година од страна на Филаделфија. Тој мина три сезони во „Сиксерси“, потоа и во Феникс Санс и Сакраменто Кингс, каде што ги одигра своите најдобри парити во кариерата.
Во сезоната 2023–24, Холмс ја започна годината со Далас Маверикс, со просек од 8,2 поени, 4,7 скока и 1,1 блокади по натпревар. Подоцна се приклучи на Вашингтон Визардс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

