Грчкиот евролигаш Панатинаикос во преостанатиот дел од сезоната ќе може да смета на услугите на српскиот плејмејкер Стефан Јовиќ откако клубот и кошаркарот ги договорија условите за соработка.
Искусниот плејмејкер е без ангажман од летото кога го напушти Химки, а и покрај тоа што имаше опција за засилување на Црвена Звезда се одлучи дека не е доволно подготвен да му се стави на располагање на тренерот Дејан Радониќ.
Stefan Jovic agreed to terms with Panathinaikos and he is expected to join the Greens soon. @SdnaGr #paobc
— George Zakkas (@ZakkasGeorge) January 6, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА