Кошаркарскиот клуб Панатинаикос го обезбеди првото засилување за следната сезона. Тоа ќе биде Василис Толиопулос (28), репрезентативец на Грција, кој пристигнува од Арис, Солун.
Толиопулос го одигра последниот меч за Арис во дуелот со Маруси и се истакна со 35 поени, шест асистенции и пет скока.
„Тоа беше мое збогување. Среќен сум и горд на постигнатото овие години, се чувствувам исполнето. Никогаш не очекував да доживеам вакво нешто. Ви благодарам и ве сакам“, изјави Толиопулос.
Според грчките медиуми тој ќе потпише тригодишен договор со Панатинаикос. Толиопулос досега играше само во својата татковина, а од 2015 до 2019 година настапуваше за најголемиот ривал Олимпијакос со кој ја освои шампионската титула во 2016 година и Купот во 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

