Панатинаикос цели на задржување на поголемиот дел од ѕвездениот тим кој последен ја покори Евролигата. Па така, освен повредениот Матијас Лесор кој треба да добие нов, тригодишен договор, нов договор наскоро ќе добие и Хуанчо Хернангомез.
Договорот на шпанскиот репрезентативец истекува на крајот на сезоната, а грчкиот состав нема намера да остане без услугите на крилниот кошаркар кој се мачеше во првата сезона по камбекот од НБА, но оваа сезона е една од најзначајните алки во тимот бележејќи просек од 8.8 поени, 5.2 скокови и 1.2 асистенции.
Хернангомез во минатото беше дел и од Естудијантес, Денвер, Минесота, Бостон, Сан Антонио, Јута и Торонто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА