Панатинаикос пред потпис со „џин“ од 216 сантиметри

Панатинаикос нема намера да запре со засилувањата на центарската позиција. По Кенет Фарид во Атина се очекува да пристигне уште еден „џин“, овој пат во името на Ивоу Баџи.

Станува збор за 216 сантиметри висок сенегалски кошаркар кој во моментот настапува во развојната „Џи-лига“ за франшизата на Шарлот Хорнетс.

Баџи своевремено важеше за еден од најголемите таленти на африканскта кошарка што го препорача за место во Барселона во 2018 година, но првиот настап во сениорската кошарка го имаше во редовите на второлигашот Леида.

Се вчитува...