Панатинаикос стигна до четвртата победа во Евролигата откако на гостински терен успеа да слави против Милано со 77-80 во неизвесна завршница. На две минути пред крајот на натпреварот Грците имаа негатива од 75-70, но преку Папапетру и Недовиќ направија серија од 10-2 со што стигнаа до нова победа.
Најраспложен во домашниот состав со 16 поени и 3 скока беше Кевин Пантер, додека на спротивната страна Немања Недовиќ натпреварот го заврши со 16 поени и 4 асистенции.
.@paobcgr digs in deep for a HUGE win! pic.twitter.com/y1xFmkQXvL
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 3, 2020
До изенадување во колото стигна Алба која на гостински терен во Шпанија славеше над Валенсија со 92-100. Германскиот состав шутираше со 53% реализација за три поени, одигра одлична трета четвртина во која постигна 32 поени, а прими 15, по што одолеа на налетот на домашниот тим во последната четвртина и стигна до четвртата победа во Евролигата. Најрасположен во домашниот состав со 13 поени и 6 асистенции беше Мартин Хермансон, додека предводник на гостите со 17 поени и 5 асистенции беше Џејсон Гејнџер.
Tough place to go but @albaberlin comes away with the dub pic.twitter.com/vy5pzciYQn
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 3, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА