Панатинаикос славеше над Реал Мадрид во луда завршница во Атина, во која со кош на две секунди до крајот, Грент успеа да донесе победа 82-81, откако претходно можеше да биде целосен трагичар.
Реал Мадрид имаше предност од 75-77, а потоа Панатинаикос влезе во предност од 80-78. Израмни Реал на 80-80, и притоа Грент направи прекршок, па Хезоња го реализираше и слободното фрлање, на четири секунди до крајот.
Сепак, Грент успеа да погоди и така да донесе триумф на грчкиот тим. Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс постигна скромни девет поени за 15:33 минути игра. Најефикасен беше Слукас со 22 поени. Кај гостите Лен постигна 18 поени.
Во уште еден интересен натпревар во Барселона, Фенербахче успеа да слави триумф со 82-78, во меч во кој исто така имаше драматична завршница. Фенер влезе во последниот период со дури 17 поени предност, но на крајот мораше да се испоти за да дојде до победата. Барселона со одлична серија во финишот се доближи и на -3, но на крајот турската екипа успеа да слави.
Баерн Минхен без Ненад Димитријевиќ славеше над Париз со 78-72, а кошаркарите на Милано беа убедливи над Басконија, победувајќи со 109-89.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

